Ескалираше состојбата пред Влада на денешниот протест против францускиот предлог.
Приврзаниците кој протестираат денеска пред Владата против Францускиот предлог го запалија знамето на Европската Унија.
Група демонстранти меѓу кои и Димитар Апасиев, Борислав Крмов, фрлаат со јајца и тоалетна хартија кон зградата на Владата.
Може да се забележи дека е турната дел од оградата пред Владата, а полициските сили веќе се распоредени пред Влезот на Владата.
Големи тензии се случуваат моментално пред Владата на Република Македонија каде демонстрантите ја пробија заштитната ограда и се обидуваат да влезат во Владата.
Демонстрантите ја убедуваат полицијата да ги спушти штитовите и да ги пушти да влезат внатре.
Демонстрантите извикуваат оставка, а во групата граѓани може да се забележат неколку лица со фантомки.
“Ние сме исто, немаме ништо против вас, ова е и ваша и наша борба” се слуша како еден од демонстрантите зборува со полицијата.