Саботата пред прочка се нарекува “умрело дете за кора”. Приказната има тривијален карактер и зборува за едно сиромашно дете, легендата за сиромашко дете кое што гледајќи како богатите носат секој ден на фурната сукани јадења побарало од мајка му да му меси баничка.
Мајка му, бидејќи немала брашно постојано го лажела дека следниот ден ќе му меси, а детето чекајќи и плачејќи умрело. За спомен на тој ден и на тоа дете останало на овој ден да се меси баничка, зелник или друга храна и да се раздава.
Но, веројатно е дека зад оваа приказна стои крајот на сиропосната недела кога постот станува построг.