Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека има намера да го искористи самитот на НАТО во Мадрид за да документира дека Финска и Шведска се лицемерни во борбата против тероризмот.
Тој рече дека турската делегација оди во Шпанија на самитот на НАТО со цел да направи се што е потребно во согласност со правата и интересите на неговата земја, пренесува Тасс.
– На нашите колеги ќе им пренесеме документирани информации за лицемерието изразено во врска со терористичките организации како што се Курдистанската работничка партија, Народните сили за самоодбрана, организацијата Фетулах – рече Ердоган.
Тој додаде дека има документи, информации и фотографии за активностите на групите кои Анкара ги означи како терористички.
Потсетуваме, Ердоган минатиот месец изјави дека се противи на барањето на Шведска и Финска за влез во НАТО. Турскиот претседател ги обвини владите на тие земји дека ги поддржуваат и даваат засолниште на курдските милитанти и други групи кои тој ги смета за терористи.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг тогаш одговори дека загриженоста на Турција е оправдана.
– Ова се оправдани грижи. Станува збор за тероризам, за извоз на оружје – рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинист.
Според генералниот секретар на НАТО, ниту еден сојузник на НАТО не претрпел повеќе терористички напади од Турција.
Извор: Tанјуг