“Ти си посебен, но посакуваш да си ист како останатите. Обичен. Тоа е сериозна болест.”Пауло Коелјо
ОВЕН
Работа: На почетокот на новата работна недела, типичните претставници на Овен би можеле да имаат зголемен број на обврски, и нешто пониско ниво на енергија од очекуваното. Затоа е важно да се троши што е можно порационално.
Љубов: Извесниот недостаток на енергија не мора да значи целосна пасивност во сферата на љубовта. Сепак, не започнувајте важни теми и сериозни разговори.
Здравје: Можна главоболка.
БИК
Работа: Солиден работен ден за повеќето Бикови да воспостават стабилна основа на професионален план и да направат добра подготовка за идните деловни проекти.
Љубов: Не е најповолен ден за крупни кадри и големи предизвици на полето на љубовните врски. Прво разгледајте ја постојната состојба.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Почетокот на новата работна недела за најтипичните Близнаци треба да се помине главно во разгледување на неколку различни идеи за нови професионални проекти. Можни се и застои.
Љубов: Поголемиот дел од денот носи не многу поволна клима за настани во љубовната сфера, особено ако не сте си поставиле приоритети и сте успеале да се фокусирате на најважната цел.
Здравје: Грижете се за зглобовите и ситните коски.
РАК
Работа: Во текот на овој понеделник, Раковите би можеле да почувствуваат одреден пад на енергијата. Затоа е многу важно да не брзате и да не заглавите во обидот навреме да ги завршите деловните обврски.
Љубов: На полето на љубовните врски денес можете да очекувате неколку помали непријатности, но најверојатно ништо важно што би можело да ги загрози постоечките врски.
Здравје: Можни проблеми со дигестивниот систем.
ЛАВ
Работа: Можеби малку побавно отколку што се навикнати, Лавовите би требало успешно да ги завршат сите деловни цели. Енергијата и мотивацијата нема да бидат спорни.
Љубов: Што се однесува до потенцијалните случувања во љубовната сфера, доколку не ви оди како што сте замислиле, земете длабок здив и барем почекајте малку.
Здравје: Можни проблеми со ‘рбетот.
ДЕВИЦА
Работа: Реалните, јасни ставови и ефикасен начин на реализација на основните задачи претставуваат многу добра основа за Девиците да ја започнат новата работна недела на сосема задоволителен начин.
Љубов: Променливата атмосфера на вашиот љубовен хоризонт, ве предупредува да бидете смирени пред се, и да не брзате да донесувате важни заклучоци.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ВАГА
Работа: Ова не е лош работен ден за повеќето Ваги кои веќе имаат испланирани професионални обврски. Не е препорачливо да се инсистира на нови идеи, ќе има можности.
Љубов: Ден без посебни претензии од ваша страна што се однесува до љубовта и не се препорачува посериозен ангажман.
Здравје: Можни се помали проблеми со забите.
ШКОРПИЈА
Работа: Почетокот на новата работна недела не носи значително поинаква деловна клима за типичните Шкорпии. Обврски ќе има многу, тоа е сигурно, а вие почнете од оние најзахтевните.
Љубов: Промената на околностите во љубовната сфера укажува дека не е пожелно да се форсират посериозни разговори. Почекајте поповолен момент.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Солидни околности треба да го придружуваат Стрелецот за време на денешните професионални активности, па не се очекуваат сериозни пречки, освен можеби неколку ситни недоразбирања во комуникацијата.
Љубов: Не се баш најповолните астролошки аспекти во љубовната сфера, па најверојатно нема да ги задоволат вашите нешто поголеми желби за поконкретно ангажирање.
Здравје: Можна главоболка.
ЈАРЕЦ
Работа: Речиси сите деловни активности на типичните Јарци на почетокот на новата работна недела можат да се забават и реализираат во малку потешки околности, што нема да биде прв пат. Сè може да се заврши со вашата одлучност и упорност.
Љубов: Овој ден би можеле да го посветите на саканата личност и да разговарате за важни прашања кои бараат нешто појасни одговори.
Здравје: Можни хронични ревматски проблеми.
ВОДОЛИЈА
Работа: Прилично напорен и тежок работен ден ги очекува повеќето родени во астролошкиот знак Водолија. Вооружете се со трпение и бидете истрајни во своите намери.
Љубов: Без значителни промени во љубовниот план, денес можеби најмногу се соочувате со сопствените дилеми и размислувања.
Здравје: Променливо расположение.
РИБА
Работа: Рибите ги очекува просечен ден, на почетокот на новата работна недела. Пазете се од злонамерни коментари од луѓе кои не ви се наклонети.
Љубов: Овој понеделник во никој случај не е поволен за големи ветувања. Бидете реални за момент.
Здравје: Можна чувствителност на зглобовите.