ОВЕН
Работа:
Вашата најслаба алка денес е комуникацијата, односно недоволното разбирање и трпение за другите кои размислуваат малку побавно и доаѓаат до заклучоци.

Љубов: Околностите се поволни доколку имате на ум конкретна освојувачка акција, вашата енергија и личен шарм ќе бидат многу забележливи.

Здравје: Одлично.

БИК
Работа:
Многумина може да добијат нова деловна понуда која вреди да се разгледа. Денес сè ќе оди од рака.

Љубов: Треба да одвоите минимум време и енергија за настани од љубовната сфера, бидејќи ве очекуваат убави настани.

Здравје: Ниска енергија.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Обидете се да ја канализирате работната енергија и вишокот адреналин на најдобар можен начин, бидејќи некои работи можеби нема да одат како што сте замислиле.

Љубов: Искористете го овој ден за дружење и уживање во кругот на пријатели или познаници, никогаш не се знае, можеби во тој круг ќе сретнете некој вреден за внимание.

Здравје: Одлично.

РАК
Работа:
На типичните Ракови им претстои солиден работен ден, па очекувано е без многу брзање да се посветите на завршувањето на обврските од претходниот период.

Љубов: Големи се шансите во најава за барем една ситуација во која професионалното поле може да ви донесе можност за љубовен излет.

Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.

ЛАВ
Работа:
: Најтипичните Лавови ги очекува многу добар работен ден. Иако работната енергија треба да биде на исклучително високо ниво, единственото предупредување се однесува на замката на мегаломанските планови, па би требало да се работи на реорганизација.

Љубов: Немојте да бидете изненадени од желбата на старата љубов да го обнови контактот, па еве можност да се занимавате со таа тема.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа:
Заостанатата документација и формалностите може да ви одземат многу време, па ќе мора да вложите многу напор за се успешно да завршите.

Љубов: Без разлика дали се работи за чувството дека заостанувате, или дека сте преанализирале одредена личност или акција, денес нема да бидете расположени за сериозна комуникација.

Здравје: Многу добро.

ВАГА
Работа:
И денеска ве очекува стабилно темпо на работни активности, па се очекува без поголеми пречки да ги завршите поставените обврски. Можни се и финансиски приливи.

Љубов: Ве очекува засилување на решавањето на проблемите на љубовно поле. Би било добро да бидете пофлексибилни од вообичаено.

Здравје: Одлично.

ШКОРПИЈА
Работа:
Во суштина ништо капитално ново не ги чека најтипичните Шкорпии во текот на овој работен ден на полето на професионалните активности. Продолжете во вашиот добар ритам.

Љубов: Може да има некои бранови во вашето љубовно море, особено кога станува збор за ново интригантно познанство. Вие ја водите играта.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Неколку фактори укажуваат на забавување на настаните на професионален план, а Стрелецот треба да се обиде да ја канализира сопствената енергија и да ја избегне замката на избрзани одлуки и потези.

Љубов: Без разлика кои се вашите примарни намери и мотиви, ќе имате можност да го тестирате вашиот однос кон љубовта и партнерските односи во неколку ситуации. Храбро напред.

Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.

ЈАРЕЦ
Работа:
Пред типичните Јарци претстои прилично напорен и динамичен ден, па освен зголемен обем на работа, можете да очекувате и некои промени во планот за реализација на планираните обврски. Биди стрплив.

Љубов: Разбирањето и поддршката на саканата личност ви е исклучително пријатна и значи многу. Обидете се да возвратите со некој мал гест на внимание.

Здравје: Психофизички замор.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Водолиите ги очекува прилично активен ден, со совет дека прво треба да се позанимаваат со завршување на претходно започнатите обврски без да го прескокнат редоследот.

Љубов: Без некои поголеми бранувања на вашето љубовно море денес, уживајте во меѓусебната размена на најубавите емоции со вашата сакана.

Здравје: Одлично.

РИБА
Работа: Доколку сте решиле да преземете конкретни чекори кон промени во вашиот деловен план, ова е поволен момент, доколку сте задоволни од вашата моментална деловна позиција, продолжете со истото темпо.

Љубов: Овој ден не е поволен за некои големи потези во љубовната сфера, занимавајте се со преиспитување на вашите ставови и очекувања.

Здравје: Намален имунитет.

By Author