„Ако нешто доволно сакате, цел универзум ќе се потруди таа желба да ви се исполни“- Пауло Коељо.
ОВЕН
Работа: Солиден ден претстои за повеќето Овни да се насочат во повеќе деловни области во нивниот енергичен ритам.
Љубов: И оваа среда треба да има можности за запознавање нови фини луѓе, но освен флерт, не очекувајте некои поголеми случувања.
Здравје: Бидете умерени кога се во прашање вашите омилени задоволства.
БИК
Работа: Ќе мора да поправите нешто, внимавајте да не претерувате со колегите, колку и да сте во право.
Љубов: Би било убаво што помалку напнатост и нервоза да префрлите во други сфери од животот, особено кога станува збор за љубовните врски.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Држете се до вистинските факти со што помалку разговор, за да не кажувате нешто што не треба и да си ја комплицирате ситуацијата, особено кога станува збор за комуникација со важни деловни соработници.
Љубов: Доколку сте во можност, би сакале кратко патување, како мало освежување и бегство од рутината.
Здравје: Одморете се доволно.
РАК
Работа: Можни се одложувања за работи кои ви се важни, особено кога станува збор за договори и документи. Нема што да се грижите, прифатете го ова како лош период во моментов.
Љубов: Покажете подготвеност за компромис кога вашите заеднички интереси се во прашање.
Здравје: Проблеми со дишните патишта.
ЛАВ
Работа: Прилагодете се на моменталните околности, бидете рационални и практични и ќе бидете многу успешни.
Љубов: Ве очекува добра можност, барем за флертување, само прашање е колку ќе бидете заинтересирани.
Здравје: Бидете физички активни.
ДЕВИЦА
Работа: Денеска може да ви се отворат некои нови работни места за соработка или проекти со странство. Доколку е потребно, побарајте совет од некој што го сметате за авторитет или претпоставен, ќе имате поддршка.
Љубов: Комуникацијата со новата љубов тече баш онака како што вам ви одговара. Одвојте време, опуштете се и оставете ги работите да тргнат по својот тек.
Здравје: Многу добро.
ВАГА
Работа: Побарајте помош, поддршката многу ќе ви значи, ќе можете да ги запазите роковите.
Љубов: Во љубовната сфера би можеле да очекувате одличен ден, па еве ја мотивацијата да се вклучите во оваа работа и да уживате во разменувањето на најубавите емоции со личноста која ви се допаѓа бидејќи едноставно зрачите.
Здравје: Не треба да има причина за грижа кога е здравјето во прашање.
ШКОРПИЈА
Работа: Завршете се што ќе имате заостанаро, завршете со формалностите, подгответе се да му дадете неспоредливо повеќе енергија и волја на периодот што следи и ќе дојде успехот.
Љубов: Оние претставници кои се спремни да се впуштат во освојувачки акции, денес ќе имаат многу поволна клима која одговара на нивниот сензибилитет. Уживајте.
Здравје: Многу добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Енергијата во вашето работно опкружување ќе биде прилично негативна, може да дојде до исклучително лоша комуникација со соработниците и колегите.
Љубов: Би уживале во дружењето со пријателите, организирањето ноќно излегување, а можеби и домашна верзија. Опуштете се и уживајте во добро друштво.
Здравје: Потребна ви е некаква психофизичка релаксација.
ЈАРЕЦ
Работа: Бидете подготвени да реагирате адекватно кога е во прашање конкуренцијата, од луѓе кои не го делат вашето мислење во однос на реализацијата на некои ваши идеи.
Љубов: Ќе ви треба многу флексибилност и тактика доколку сакате да избегнете можни недоразбирања со саканата личност.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Справете се со завршување на заостанатите долгови и средување на документите и формалностите суштински за идните професионални ангажмани, не трчајте и не брзајте.
Љубов: Доколку неодамна сте запознале нова личност, посветете уште поголемо внимание бидејќи тоа може да има многу стимулирачки ефект врз вас и да се чувствувате убаво и пожелно.
Здравје: Многу добро.
РИБА
Работа: Рибите во поголемиот дел од овој ден треба да имаат дополнителни обврски поврзани со завршување на заостанатите работи од претходниот период. Чекор по чекор, без нервоза и се ќе решите.
Љубов: Најдобро би било релативно мирниот љубовен ден да остане во такви граници. Потрудете се и дадете го вашиот позитивен придонес.
Здравје: Нема значајни предупредувања.