ОВЕН
Работа: Комуникацијата и договорите со соработниците денеска се високо нагласени, но во исто време може да дојде и до тензија. Не реагирајте импулсивно, се ќе постигнете без нервоза.
Љубов: Ви претстои одличен ден доколку имате на ум да приредите пријатно изненадување на саканата личност. Очекувајте повеќе од позитивна реакција.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Може да се очекуваат многу грешки и од ваша страна и од страната на некој од вашите соработници, затоа контролирајте се што правите.
Љубов: И покрај вашата желба и труд денот да помине во лесен ритам во љубовната сфера, од другата страна можете да очекувате многу забелешки и негативни коментари.
Здравје: Метеоропатски реакции.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Близнаците овој ден треба да ги завршат планираните обврски без поголеми проблеми и потешкотии. Поволен ден за постигнување нови деловни договори.
Љубов: Не сте во најдобра форма за љубовни врски, некогаш сте расположени, некогаш се ви пречи. Најдобро е да се воздржете за да избегнете големи недоразбирања.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
РАК
Работа: Доколку дел од заостанатите долгови и документи се оставени, обидете се да ги завршите навреме и правилно.
Љубов: Што се однесува до љубовните врски, ова е одличен ден да се вклучите повеќе, но и да очекувате попријатни изненадувања од саканата личност.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: Во комуникацијата и договорите може да очекувате повремени одложувања и моменти кога ќе бидете нервозни и напнати, но ова е нешто со кое повеќе од успешно ќе се справите.
Љубов: Намалете ги непотребните тензии и провокации и веднаш ќе се чувствувате многу подобро.
Здравје: Физички замор.
ДЕВИЦА
Работа: Вклучете се што повеќе во деловни зделки и контакти. Во исто време нема да имате резултати, но значително ќе го забрзате текот на работите.
Љубов: Би можеле да ја изненадите вашата сакана со убав знак на внимание, подарок. Денот е поволен за секакви љубовни ангажмани.
Здравје: Можна нервоза, напнатост.
ВАГА
Работа: Некои од вашите деловни соработници може да ви направат притисок, па затоа треба да ги искористите дипломатските способности и да ја надминете напнатоста и нервозата на вистински начин.
Љубов: Не е исклучено ненадејно ново познанство, па еве можност за минлив флерт и уживање во опуштена атмосфера без назнаки за нешто поконкретно.
Здравје: Сосема солидно.
ШКОРПИЈА
Работа: Многумина од вас можеби ќе имаат можност да ги подобрат условите за работа, или да остварат нова деловна соработка.
Љубов: Нема пречки на вашиот љубовен пат. Со малку повеќе ангажирање би можеле да заблескате во некоја од конкретните акции.
Здравје: Пазете се од настинки, вируси.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Зголемен ангажман Стрелците ги очекува и оваа среда. Бидете максимално фокусирани и обидете се да избегнете евентуални одложувања предизвикани од туѓи грешки и пропусти.
Љубов: На љубовен план можете да очекувате барем едно пријатно изненадување од личноста за која се грижите. Уживајте.
Здравје: Многу добро.
ЈАРЕЦ
Работа: Потребно ви е малку повеќе трпение и такт, пред се на полето на комуникацијата, за да ги надминете незгодните моменти со што помала колатерална штета.
Љубов: Не дозволувајте другите да се мешаат во партнерските односи и да создаваат негативна атмосфера.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
ВОДОЛИЈА
Работа: Водолиите би можеле да бидат особено психички оптоварени и под притисок во текот на оваа среда, или поради обврските кои се наталожиле, или поради најавата за нови.
Љубов: Слободните Водолии се во период кога можат да направат вистински избор од многу голема и колоритна понуда.
Здравје: Одлично.
РИБИ
Работа: Обидете се да се фокусирате што е можно повеќе на обврските пред вас и не дозволувајте да ве нервираат бесмислените барања на оние со кои работите.
Љубов: Многу е реално да очекувате дека и денес ќе се преиспитувате себеси и односот со партнерот во љубовната сфера, само потрудете се да не се грижите премногу за тоа.
Здравје: Напнатост, главоболка.