“Оној кој е способен да господари со своето срце, тој може да го освои светот-Пауло Коељо.”

ОВЕН
Работа:
За повеќето Овни крајот на работната недела носи голем обем на обврски, но и одлични резултати на деловен план.

Љубов: Малкуто време што ви останува за љубов, треба да го насочите кон саканата личност, за обострано задоволство.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

БИК
Работа:
Денеска повеќето Бикови ги чека многу работа. Денес без поголеми проблеми успевате да се справите со сите препреки кои ви се наоѓаат на патот.

Љубов: Не е поволен ден за поставување сериозни прашања и важни разговори со саканата личност. Одложете го за поповолен момент.

Здравје: Пазете се од настинки.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Колку и да се трудите и да пробате да контролирате некои ситуации, околностите нема да ви бидат во прилог. Обидете се да бидете колку што е можно помалкунервозни поради тоа, ќе има подобри можности.

Љубов: Овој петок е исклучително поволен за секакви љубовни дејствија. Искористете ја можноста да излезете некаде за да се забавувате, опуштите и уживате.

Здравје: Обидете се да најдете баланс помеѓу работата и обврските.

РАК
Работа:
Раковите го дочекуваат последниот работен ден од неделата објективно уморни, но и малку нервозни поради бројните документи и формални обврски кои допрва треба да се завршат.

Љубов: Слободни Ракови, може да ве контактира личност која ја познавате преку пријатели или преку социјалните мрежи. Уживајте.

Здравје: Можни респираторни инфекции, висока температура.

ЛАВ
Работа:
Многу добри деловни околности треба да ги следат Лавовите на крајот од работната недела. Некоја документација која се влече долго време конечно може да се архивира денес.

Љубов: Ве очекува прилично активен и потенцијално бурен ден во љубовната сфера. Нема да биде лесно да го направите вистинскиот избор, а нема да бидете ниту во вашиот најдобар елемент.

Здравје: Намален имунитет.

ДЕВИЦА
Работа:
Речиси сите придружни околности треба да ви одат во прилог овој петок, за без поголеми проблеми да ги завршите успешно сите деловни активности, како што сте замислиле.

Љубов: Позитивната енергија и шармот со кој зрачите ќе бидат многу забележливи во текот на овој ден, без разлика во кое друштво сте. Искористете го максимумот и уживајте.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта, алергиски реакции.

ВАГА
Работа:
Внимателно измерете ги зборовите и ветувањата, како кон себе, така и кон другите. Обидете се да избегнете помали вербални конфликти со деловните соработници.

Љубов: Зафатена Вага, треба да и дадете малку енергија на вашата врска за да ја избегнете замката да паднете во монотонија.

Здравје: Можни проблеми со варењето.

ШКОРПИЈА
Работа:
Многу добар ден и успешно завршување на планираните активности за оваа недела им претстои на Шкорпиите. Дополнително, еден важен разговор и деловен договор го чека вашиот целосен ангажман.

Љубов: Би било убаво да сте активни и на љубовно поле, бидејќи можно е некоја драга личност пријатно да ве изненади со некој интересен предлог.

Здравје: Освен замор, нема значајни предупредувања.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Нетрпеливиот Стрелец во текот на овој ден би можеле да очекуваат одредено забавување и доцнење во реализацијата на некои веќе договорени планирани активности. Не се нервирајте, понекогаш не можеме да контролираме некои работи.

Љубов: Постои можност да запознаете нова интересна личност, на сосема необично место, или под необични околности. Оваа личност може да ви остави многу силен впечаток.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

ЈАРЕЦ
Работа:
Крајот на работната недела би требало да биде подобар од очекуваниот за Јарците или поточно – со подобри резултати на деловен план.

Љубов: Што се однесува до емотивните љубовни врски, денес би можело да биде спротивно – поголеми разочарувања поради неисполнетите очекувања.

Здравје: Можни алергиски реакции.

ВОДОЛИЈА
Работа:
За очекување е дека придружните околности ќе ви бидат во корист во текот на овој петок, особено ако е неопходно да се повторат некои тривијални потези. Ќе има одредена тензија околу една финансиска исплата, но парите доаѓаат онолку колку што е потребно.

Љубов: Овој петок не е најповолен за форсирање и забрзување на некои капитални одлуки, намалете ги малку вашите очекувања.

Здравје: Можна несоница, нервоза.

РИБА
Работа:
Денеска максимално контролирајте ја импулсивноста и без избрзани потези, бидејќи би можеле да ве одведат во погрешна насока.

Љубов: На вашето љубовно небо има интересни нови слатки лица. Доаѓаат нови емотивни предизвици, најмногу преку пријателите, социјалните врски и интернетот.

Здравје: Можна несоница, главоболка.

By Author