ОВЕН
Работа: За очекување е крајот на неделата да биде порелаксиран за повеќето Овни, па не ве очекуваат сериозни пречки.
Љубов: Сигналите велат само напред, но пред тоа обратете внимание на непроверените гласини за личноста која ве привлекува.
Здравје: Бидете физички активни.
БИК
Работа: Нема причина повеќето Бикови да не бидат задоволни со постигнатото денес и да се занимаваат со плановите за следниот деловен период.
Љубов: Интензивното правење планови за викендот ќе ви даде чувство на задоволство.
Здравје: Можни проблеми со дишните органи.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Би било мудро доколку сте во можност да разменувате мислења со проверени и поискусни колеги. Може да ви биде од голема корист.
Љубов: Можете да очекувате пријатно изненадување од личност која долго време ви го привлекува вниманието.
Здравје: Психофизички замор.
РАК
Работа: Сè оди според планот, а повеќето Ракови може да го очекуваат крајот на работната недела каков што би можеле само да посакаат.
Љубов: Денеска на повидок е можноста да запознаете нова личност, сепак, добро размислете дали сте расчистиле со минатото.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: Проверете да не сте пропуштиле ништо поврзано со документацијата, доколку се е чисто можете лесно да започнете со плановите за викендот.
Љубов: Акцентот треба да биде на што поинтимна атмосфера денес, само немојте да бидете брзоплети.
Здравје: Високиот крвен притисок може да ви предизвика главоболки.
ДЕВИЦА
Работа: Девиците денеска ќе имаат причини да бидат среќни, бидејќи се блиску до крајот на напорната и динамична недела.
Љубов: Денеска не ве очекува ништо ново на љубовен план, но би можеле да ја изненадите саканата личност со состанок или прошетка.
Здравје: Можна несоница.
ВАГА
Работа: Повеќето Ваги треба да го поминат денешниот ден во сумирање на резултатите и правење план за започнување на нови проекти кои се појавија на повидок.
Љубов: Нежни навестувања за нови можности, дајте добра основа за размислување за конкретни потези на полето на партнерските односи.
Здравје: Многу добро.
ШКОРПИЈА
Работа: Само треба двапати да проверите дали случајно не сте пропуштиле нешто поврзано со документацијата.
Љубов: Задоволни уживајте во убавите моменти со саканата личност, а оние кои се желни за забава, во акција.
Здравје: Многу добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Големи очекувања, послаби резултати, но се на се нема причина да бидете целосно незадоволни овој петок. Ќе има уште можности за докажување.
Љубов: Некако неочекувано денеска ве очекува барем едно интересно познанство со нова фина личност во љубовната сфера. За почеток, доволно ќе биде да бидете насмеани.
Здравје: Солидно.
ЈАРЕЦ
Работа: По долго време, Јарците треба да имаат работен ден со многу слободно време, и логично можност да се посветат на активности од втор план.
Љубов: dобра можност за оживување на убавите спомени, а можеби и да разговарате за идните планови.
Здравје: Многу добро
ВОДОЛИЈА
Работа: Она што не сте го завршиле денеска ќе ве чека на почетокот на следната недела. Не ја префрлајте својата нервоза на други соработници поради ова.
Љубов: Стабилната ситуација на љубовен план е нешто за уживање, но тоа не значи дека треба да бидете пасивни.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
РИБА
Работа: Повеќето Риби очекуваат солиден крај на работната недела со многу вклученост во некој иден деловен проект.
Љубов: Подобрата комуникација со саканата личност треба да ги реши сите ваши сомнежи.
Здравје: Внимавајте на хроничните заболувања.