Прогноза за 05.08.2023

Претпладне сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. UV=8

Минималните температури ќе се движат од 14 °C до 22 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 25 °C до 38 °C.

Во Скопје претпладне сончево и многу топло со засилен југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author