На патот Македонски Брод – Прилеп, на место викано Суводолска крстосница, полициски службеници од СВР Битола – Полициска станица Прилеп вчера во 12.12 часот го лишиле од слобода М.Н.(52) од Велес.

При преглед во возилото „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 30.000 евра и 5.200.000 денари за кои немал никаква потврда. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Author