Во Јужното Кинеско Море се водат жестоки борби меѓу САД и Кина.

Двете велесили се борат една против друга, но и против времето.

Морнариците на двете земји се впуштија во своевидна трка со времето, но и една против друга откако најмодерниот американски авион, невидливиот Ф-35Ц, се урна и потона во морето.
Комплетна американска борбена група во моментов трага по уништениот авион и неговите делови, како и бродови на кинеската морнарица.

Американците се обидуваат да ги подигнат сите делови за да не падне во рацете на Кинезите тајната технологија на повеќенаменскиот борбен авион вреден 100 милиони долари.

Авионот се урнал во меѓународни води во близина на Тајван, а американската морнарица одбила на медиумите да им даде било какви детали за исклучително сложената операција на спасување вредна опрема од морското дно.

By Author