Доколку бидат осудени, им се заканува максимална затворска казна од десет години

Првиот јавно деклариран трансродовиот мајор на американската армија, Џејми Ли Хенри (39) и нејзината партнерка Ана (36) беа обвинети дека им дале тајни информации на Русите за време на конфликтот во Украина.

Џејми во 2015 година јавно се изјасни како трансродова личност, а во САД е позната како првиот офицер на американската армија кој јавно проговори на оваа тема.

Иако јавно се декларира како припадничка на женски род, машкиот род е употребен во неколку обвиненија кои се покренати против неа.

Таа и нејзината партнерка Ана се обвинети дека се обиделе да дадат доверливи информации на вработен во руската амбасада, но на крајот се покажало дека лицето на кое му ги дале информациите е всушност таен агент на ФБИ.

Според обвинението, двојката наводно му дала на агентот доверливи информации за пациенти во болниците Форт Барџ и Џон Хопкинс, за Русите да добијат увид во здравствената состојба на поединци поврзани со американската влада и војска.

Ана наводно се согласила да се сретне со агентот во хотелска соба во Балтимор на 17 август. Таа наводно неколку пати контактирала со „агентот“ и секој пат му повторувала дека и таа и нејзиниот партнер се посветени на помагање на Русија.

Таа напомена и дека Џејми поради својата позиција во армијата ќе биде важен извор на информации за Русија.

– Џејми му кажа на агентот дека од почетокот на конфликтот во Украина сака да се приклучи на руската армија. Таа потоа кажала дека верува оти САД ги користат Украинците поради нивната омраза кон Русите – тврди изворот.

Две недели подоцна, парот објави информација за здравствената состојба на вработен во Министерството за одбрана, пензиониран ветеран и сопружници на двајца починати ветерани.

Доколку бидат осудени, им се заканува максимална затворска казна од десет години.

By Author