Искусниот Шпанец, Давид Де Хеа го напушти Манчестер Јунајтед, а на „Олд Трафорд“ веќе напорно работат да најдат адекватна замена.
Изборот падна на поранешниот голман на Интер, Андре Онана, кој претходно се споменуваше како потенцијално засилување на „црвените ѓаволи“.
Тоа го потврди и специјализираниот фудбалски новинар, Фабрицио Романо, кој истакна дека искусниот голман ги договорил сите услови со Јунајтед, а се чека само договорот меѓу двата клуба.
Наводно, Онана би потпишал договор на пет години, а колкава ќе биде отштетата се уште не се знае.