Белгиската полиција денеска изврши рација во лабораторијата за производство на синтетичка дрога МДМА (екстази) откриена во воздухопловната база Клајн Брогел во североисточна Белгија, во која наводно се наоѓа дел од американскиот нуклеарен арсенал за Европа.
Базата Клајн-Брогел на североистокот на Белгија е најпозната по наводите за складирање на американско нуклеарно оружје, пренесува лондонски Градиан.
Белгиските власти се дискретни за овие податоци, иако во 2019 година пратеник на Зелените изјави во парламентот дека американските сили држат од 10 до 20 нуклеарни боеви глави во воздухопловната база Клајн-Брогел.
Обвинителството потврди дека локалната полиција на 22 јуни на воено земјиште открила лабораторија за производство на дрога, дека е утврдено дека лабораторијата произведува МДМА, синтетичка рекреативна дрога која најчесто се нарекува екстази, а при денешната акција се уапсени двајца осомничени .