Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, осум мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР. 

By Author