Денеска (28.02.2022) на ул.„Жан Жорес“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Н.Г.(33) од Гостивар, со привремено живеалиште во Скопје. Таа се сомничи дека на 27.02.2022 со закана со остар предмет одзела пари од дневниот промет во спортска обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје.
При претрес во домот во кој престојува во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени парите и предмети поврзани со кривичното дело. Таа била приведена во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.