Сега се вршат генетски тестови на телата пронајдени на местото на несреќата, соопшти Истражниот комитет.

На местото на падот на авионот на Пригожин пронајдени се снимките на податоци за летот, попознати како „црни кутии“, соопштија руските власти, пренесува „Скај њуз“.

Приватен авион се урна во средата, при што загинаа сите 10 лица во него, според руските власти.

Се претпоставува дека во авионот бил Евгениј Пригожин, но неговата смрт се уште не е официјално потврдена.

Сега се вршат генетски тестови на телата пронајдени на местото на несреќата, соопшти Истражниот комитет.

Се додава дека истрагата „внимателно ќе ги провери сите можни верзии за тоа што се случило“.

By Author