Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, по голема борба го совлада Русинот Карен Хачанов со 3:1 (4:6, 7:6, 6:2, 6:4) и сега го чека победникот. на натпреварот меѓу Алкараз и Циципас кои играат од 20.15 часот
Ѓоковиќ мораше да направи пресврт, откако одигра многу лош прв сет.
„Беше подобриот играч во поголемиот дел од првите два сета, направив многу грешки, полека влегов во мечот. Одиграв перфектен тајбрејк и од тој момент играв одлично. Освоив осум бода по ред за победа, тоа беше голема борба, никој нема да ви даде ништо во четвртфиналето на Грен слем, мило ми е што го надминав овој предизвик“, изјави Новак по мечот.
На овој меч, Новак првпат загуби сет, бидејќи Хачанов одигра одлично на стартот, додека Новак „луташе“ во поголемиот дел од првите два сета, а потоа во тајбрејкот од вториот ја „запали машината“ и беше препознатливиот Новак, па го исчисти својот ривал во тајбрејкот, а потоа продолжи да доминира во третиот и четвртиот сет.