Мемоарите на принцот Хари, со многу остри критики за британската монархија, се продадени во повеќе од 1,4 милиони примероци на првиот ден од објавувањето на англиски јазик.

Издавачката куќа Penguin Random House објави дека е продадена книгата на Хари „Spare“ во сите облици на објавување (печатена, аудио и онлајн), што досега не се случило во Велика Британија, САД и Канада.

Книгата е преведена на 15 јазици, но податоците за продажбата на тие јазици не се познати.

И покрај добрата продажба на книгата, принцот Хари не е многу популарен во ОК каде често го нарекуваат разгалено дете кое ја користи монархијата.

Според анкетите, само 26 отсто од Британците имаат позитивно мислење за Хари.

Инаку, принцот во својата книга го критикува својот татко, кралот Чарлс III, неговиот постар брат Вилијам и неговата сопруга Кејт, како и неговата маќеа Камила.

Бакингемската палата се уште не ги коментираше наводите во книгата.

By Author