Поради „сагата на Мбапе“, новоименуваниот тренер Луис Енрике може да ја напушти клупата на парижаните!
Имено, протече информацијата дека Енрике и спортскиот директор Луис Кампос бараат од управата на клубот да донесе одлука – или ќе биде продаден Килијан Мбапе или ќе игра. Според нив, седењето на клупата на најдобриот фудбалер не доаѓа предвид. Деновиве ќе се одржи клубска средба на оваа тема, по враќањето од азиската турнеја што заврши.
Фудбалската судбина на најдобриот француски играч ќе биде решена во наредната недела.
Имено, француското и шпанското првенство започнуваат точно следната сабота, па се очекува до тогаш да биде решен статусот на суперталентираното момче од париското предградие Бонди.
Упатени извори наведуваат дека до тогаш се очекува евентуална понуда од Реал за негова регистрација. Ваква можност најавува италијанскиот новинар Фабрицио Романо, познат по тоа што има проверени информации, кои ги пренесуваат тамошните медиуми.
Тоа би можело да следи во наредните денови, а работите ќе мора наскоро да се искристализираат, бидејќи во сабота и ПСЖ и Реал ќе ги одиграат првите натпревари, првиот против Лориен, вториот против Атлетик Билбао.