Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје соопштија, во последните 24 часа од направените 1062 тестови регистрирани се, 109 нови КОВИД-случаи, оздравени се 91 пациент, нема пријавено починати лица.
Од вкупниот број на новозаразен 109, реинфекции се 14.
Од почетокот на епидемијата во земјава вкупниот број КОВИД-дијагностицирани е 311 701 од направени 2 051 008 тестирања. Оздравеле 301 819, пациенти, починале 9300, а активни случаи има 582.