Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 направени се 953 тестови, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19, 190 оздравени пациенти и едно починато лице информира Министерството за здравство.

Од вкупно 23 нови случаи едно лице е со реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Охрид (80г), починато во болнички услови со коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.984.493 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.817, а бројот на активни случаи изнесува 1.211.

By Author