„Да се мисли е лесно, да се работи е тешко, да се работи следејќи ја сопствената замисла е најтешката работа во светот“-Гете.

ОВЕН
Работа:
Нема значителни промени во споредба со претходниот ден за повеќето типични Овни. Очекувајте малку побавно темпо од она на што сте навикнати.

Љубов: Еве добра можност да преземете некоја конкретна акција или одлука на љубовен план.

Здравје: Сосема задоволително.

БИК
Работа:
Фокусирајте се на тековните обврски и планови и се ќе биде во ред. Пред вас е релаксиран работен ден.

Љубов: Можно непријатно изненадување во љубовната сфера, обидете се да го избегнете контролирајќи го сопствениот гнев и бес.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Ви се отвораат можности за нови проекти, деловни ангажмани, а колку и да ви звучи се нереално и невозможно, сепак тоа е можно и остварливо.

Љубов: Доколку сте задоволни од моменталната љубовна ситуација, нема причина да менувате нешто на овој ден.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа:
Ќе мора да повторувате некои ситуации, да решавате туѓи грешки, а сето тоа ќе ве успори и изнервира.

Љубов: Имате реални шанси да постигнете речиси се што сте планирале денес на љубовен план. Уживајте.

Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.

ЛАВ
Работа:
Околностите се поволни за да се занимавате со зајакнување на постоечката позиција, а можеби и со презентирање на некои нови идеи од кои првенствено би можеле да имате одредени придобивки.

Љубов: Можна е неочекувана средба со стара симпатија, која нема да ве остави рамнодушни.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа:
Рационално пристапете кон деловните обврски, бидете одговорни и пред се трпеливи и се ќе успеете да доведете до задоволителен крај.

Љубов: Ги имате сите предиспозиции за барем една конкретна, освојувачка љубовна акција, но приликата може нема да не ги задоволува вашите критериуми.

Здравје: Одлично.

ВАГА
Работа:
За Вагите претстои поволен ден, со малку побавно темпо без поголеми проблеми да се справуваат со сите деловни предизвици.

Љубов: Причини за задоволство во вид на пријатно изненадување можете да очекувате од саканата личност. Уживајте.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

ШКОРПИЈА
Работа:
Ве очекуваат редовни обврски и многу работа, затоа потрудете се да не ги пробивате роковите. Можни се контакти со странски земји.

Љубов: На љубовен план ве очекува позитивен ден, доколку сте решиле да преземете иницијатива и да посветите одредени романтични моменти на саканата личност.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Ќе имате можност за напредување и одредени пофалби од претпоставените за работата и посветеноста што беше забележана во претходниот период. Продолжи така.

Љубов: Би можеле да поминете пријатни моменти дружејќи се со драги пријатели.

Здравје: Одлично.

ЈАРЕЦ
Работа:
Напорен работен ден е пред типичните Јарци, со повеќе потешкотии ќе ги реализираат планираните задачи. Упорноста секогаш се исплати.

Љубов: Личност од вашето љубовно минато би можела да ви приреди пријатно изненадување. Уживајте.

Здравје: Сосема задоволително.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Погрижете се пред да преземете нови задачи, да го завршите заостанатото. Вашиот фокус ќе биде на договори, документација.

Љубов: Обратете внимание на некои фини вибрации, кои допираат до вас од деловното опкружување. Има интересни личности кои можеби не сте ги забележале до сега.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

РИБА
Работа:
Треба да работите на склучување долгорочни зделки и договори. Еве поволен ден за вакви активности.

Љубов: Не дозволувајте другите да ве прават нервозни и обидете се таа нервоза да не ја префрлите на комуникација со партнерот.

Здравје: Одлично.

By Author