Ова не е лошо време, ова е лошо за нас. Ние сме тие чиј живот поминува сакајќи ги погрешните, и газејќи ги вистинските!

ОВЕН
Работа: Можни се потези кои од корен ќе ви го променат професионалниот пат. Доколку размислувате за готовински кредити, најдобро е да се откажете бидејќи по потпишувањето на договорот ќе ве пречека непријатна клаузула која не сте ја забележале на време.

Љубов: Некои од вашите тајни или нешто за кое сте молчеле пред вашиот партнер може да излезе на виделина. Тоа кај него ќе предизвика сомнеж. Слободниот Овен може да ја запознае својата сродна душа на забава.

Здравје: Вртоглавица и варијации на притисокот. Консултирајте се со кардиолог.

БИК
Работа: Треба да внимавате на инвестициите и деловните преговори со соработниците. Обрнете посебно внимание на деловните соработници кои ви ветуваат премногу. Не се правдајте пред никого, вашиот суд е непогрешлив.

Љубов: Кризата на доверба меѓу вас и партнерот на овој крај од месецот може да кулминира. Доколку некои работи сте ѓи премолчале од партнерот, тоа може да се открие во овој период.

Здравје: Проблеми со варењето.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Деловната соработка со соработниците минува низ фаза на верификација, како и тоа дека можете да ја обновите старата деловна соработка. Успех ги очекува Близнаците кои се занимаваат со трговија и управување
Љубов: Сте преземале обврски кои не се во согласност со вашата природа. Се тешите гледајќи на сето ова како на привремен проект кој, кога е завршен, носи нови можности. Доколку во сето тоа е вклучен и вашиот партнер, бидете внимателни, распределбата на улогите би можела да стане навика.

Здравје: Ве обзема меланхолија.

РАК
Работа: Подготвени сте да воведете нови методи, како и да го проширите опсегот на вашите активности. Ова ќе биде елементот што ќе ви помогне да ја победите конкуренцијата.

Љубов: Слободните Ракови почнаа да се гледаат со личност која неодамна ја запознале. Меѓутоа, таа личност игра некаква игра топло-ладно. Расправии за оние кои се во врска.

Здравје: Проблеми со глуждот.
ЛАВ
Работа: Планетите ви даваат поттик да воведете нови методи и најсовремена технологија за поголема ефикасност. Ова ќе ви помогне да стекнете конкурентска предност

Љубов: Можете да запознаете сродна душа на работа или на патување. Лавовите кои се во врска минуваат низ убав и хармоничен период. Ќе успеете да постигнете заедничка цел.

Здравје: Проблеми со цервикалниот ‘рбет.

ДЕВИЦА
Работа: Овој период е поволен за започнување приватен бизнис, како и за дружење со некои пријатели или деловни соработници и започнување на нешто сосема ново.

Љубов: Потрудете се подобро да ја запознаете личноста со која сте решиле да стапите во врска. Во спротивно, наскоро може да дојде до разочарување. Девиците кои се во врска минуваат низ убав и хармоничен период.

Здравје: Болка во лумбалниот ‘рбет.

ВАГА
Работа: Овој период ќе биде обележан со работа за професионален развој и програма за образование кое е неопходно за напредок во вашата кариера.

Љубов: Можна е љубомора од страна на партнерот, па затоа е неопходно да останете ладни и смирено да разговарате за се. Вагата, која ја бара својата сродна душа, може да ја запознае на забава со другарките.

Здравје: Лоша циркулација.

ШКОРПИЈА
Работа: Аспектите во вашето поле на соработка укажуваат на можност за изненадувања и пресврти во вашата деловна комуникација. Може да има многу неизвесност и непредвидени ситуации. Препорачливо е да се развие далеку пофлексибилен работен план.

Љубов: Можете да започнете врска со личност која е прилично нестабилна и која со своето однесување ви испраќа контрадикторни пораки.

Здравје: Незадоволни сте од себе.

СТРЕЛЕЦ
Работа: Вашиот приватен бизнис и работа укажуваат на атмосферата на несигурност која доминира во овој дел од вашата деловна сцена.

Љубов: Ве очекува заедничко патување со партнерот, на интересна дестинација. Вашата врска ќе добие квалитет. Се очекува слободниот Стрелец да запознае интересна личност и да започне љубовна врска на патување.

Здравје: Внимавајте на сообраќајот.

ЈАРЕЦ
Работа: Она што е особено интересно во овој период е што можете дури и да профитирате преку ризични инвестиции. Полни сте со енергија и се движите директно кон остварување на вашата деловна цел.

Љубов: Се очекува слободните Јарци на забава да запознаат нова личност во кругот на пријатели. Јарците кои се во врска ќе дадат се од себе за да го надоместат изгубеното време со партнерот.

Здравје: Ревматски нарушувања.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Неповолен аспект може да придонесе да се направи голем надзор при донесување деловни одлуки. Може да има недоразбирања во вашата деловна соработка, потрудете се ризичните потези да ги сведете на минимум.

Љубов: Плашејќи да не ја разнишате привидната стабилност во врската, целата вина ја преземате на себе. Може да влезете во сериозен конфликт затоа што сте го прецениле вашето трпение. Може многу лесно да дојде до дискусија помеѓу вас и вашето семејство.

Здравје: Движете се повеќе.

РИБА
Работа: Панетарните аспекти во вашето поле на комуникација ќе ви дадат голем поттик за проширување на соработката. Рибите кои се занимаваат со креативни активности или ИТ технологии можат да постигнат најголем успех.

Љубов: Ве мачи сомнежот, па градите ѕидови околу себе. Наместо љубомора, вразумете се и вратете си ја самодовербата. Партнерот ќе ве награди повеќекратно, а вие ќе најдете нова љубов во себе, онаа за која мислевте дека не постои. .

Здравје: Уморни сте.

By Author