Секој сака долг живот. Но, никој не сака да биде стар.
ОВЕН
Работа: Во текот на овој ден обидете се да избегнете вербални несогласувања со блиските деловни соработници и внимавајте на финансиските трансакции.
Љубов: Може да очекувате некој убав знак на внимание од вашата сакана личност. Возвратете со излегување, некоја добра забава.
Здравје: Можна хормонална нерамнотежа.
БИК
Работа: И покрај одличните запазување и максималното ментално оптоварување, не правете повеќе од една работа во исто време.
Љубов: Внесувате добра енергија, другата страна дава ведрина, па хармонично ќе функционирате.
Здравје: Можни проблеми со спиењето.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Треба да бидете поефикасни и да работите на организацијата, не е паметно да се раширите во многу правци. Грижете се за документацијата и воопшто за комуникацијата.
Љубов: Бидете што е можно појасни и конкретни кога давате некои интересни предлози бидејќи може да бидете погрешно разбрани и да ги искомплицирате работите.
Здравје: Стрес, напнатост.
РАК
Работа: Вообичнаен напорен ден ги очекува Раковите и оваа среда. Меѓутоа, доколку го завземете соодветниот став и направите рационален план за извршување на деловните задачи, ќе постигнете се.
Љубов: Средбата со помлада личност може да најави интересно искуство на љубовен план и да започне низа нови интересни работи во вашиот емотивен живот.
Здравје: И понатаму може да ве мачат респираторни проблеми.
ЛАВ
Работа: Сè што би денес направиле побрзо, би можело да оди побавно и обратно – за она што треба да одвоите време, од разни страни може да ве убрзуват и да бараат од вас да реагирате.
Љубов: Слободни Лавови, отворени сте за љубов, желбите и страстите ги има и нема многу филозофија, преземете акција.
Здравје: Одлично, пишува Астропутник.
ДЕВИЦА
Работа: Нема да ве зачуди денеска некоја дополнителна неочекувана обврска во вид на помош на некој од соработниците.
Љубов: Не е лош ден за љубовни полети и излети. Само внимавајте да не летате премногу високо бидејќи не зависи се од вас и вашите желби.
Здравје: Пазете се од настинки.
ВАГА
Работа: Доколку не сакате да си натоварите премногу товар на вашите рамена, не скокајте на првите понудени опции, особено од некои непознати деловни соработници.
Љубов: Импулсивноста и избрзаните заклучоци не се пожелни во овој период, но потребна ви е и одредена доза на самоконтрола и трпение.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ШКОРПИЈА
Работа: Обидете се да се прилагодите на новите околности на полето на организацијата и комуникацијата. Само така ќе се спасите од дополнителна нервоза и стрес.
Љубов: Треба да избегнувате бесмислени расправии и бескрајни препукувања. Обидете се да ја трошите вашата енергија на поубави и покорисни начини.
Здравје: Одлично.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Доколку успеете правилно да ги поставите приоритетите и соодветно да се позиционирате, нема причина да се откажете од ништо.
Љубов: Ако партнерските односи се малку затегнати, денес дефинитивно не е најповолен ден за да преземете некакви радикални чекори.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
ЈАРЕЦ
Работа: Нема да можете да избегате од обврските кои ви се наметнати, ниту ќе можете долго време да се однесувате неодговорно кон обврските и луѓето со кои работите.
Љубов: Доколку нешто ве оптоварува и ве мачи или сте само нервозни, добро би било тоа да не го префрлате во партнерските односи.
Здравје: Можна главоболка.
ВОДОЛИЈА
Работа: Пречката со која неизбежно ќе се соочите е поврзана со нереална проценка на вашите моментални можности, па може да дојде до метеж во реализацијата на деловните задачи. Работете во фази.
Љубов: Преиспитувањето на некои ваши ставови и однесување би можело да биде тема на разговорите со вашиот партнер денес.
Здравје: Шетајте повеќе, поминувајте време во природа, тоа ќе направи да се чувствувате подобро.
РИБА
Работа: Не дозволувајте да бидете искористени и злоупотребени до одреден степен од некоректни соработници. Малку е веројатно дека ќе избегнете замки и неколку жестоки вербални препукувања.
Љубов: Слободните Риби, има напредок, задоволни се од она што ви се случува во љубовниот живот. Само не брзај со ништо.
Здравје: Можна главоболка.