ОВЕН
Се чувствувате малку напнати од моменталните околности и се чини дека премногу се бара од вас и дека надоместокот за сето тоа не е задоволителен. Успевате да се воздржите и да продолжите да работите. Искористете го попладнето за одмор и релаксација.
БИК
Доста поволен ден кога е лесно да завршите многу работи. На дневен ред се обврските, ако не од деловна, тогаш од лична природа. Нервозата ќе навлезе одвреме-навреме, но најмногу ќе биде нагласена од другите. Денес ќе биде многу тешко да ве изнервират вас лично.
БЛИЗНАЦИ
Чувствувате наплив на позитивна енергија и се чини дека полесно се справувате со насобраната работа од порано. Како да сте решиле да се посветите на некои работи на поинаков начин. Партнерот може да биде изненаден од вашата иницијатива и расположение.
РАК
Не сте подготвени обврските да ги ставите на прво место, без разлика колку колеги ви кажат дека мора да ги завршите. Ќе претпочитате да се фокусирате на личните приоритети, особено кога станува збор за емотивниот сегмент. Создадовте интересна комуникација и сега сакате да ја проширите.
ЛАВ
Во последен момент ја завршувате работата и сега можете да здивнете. Ја симнавте големата грижа од рамената и вториот дел од денот ќе го искористите да се посветите на емоционалните потреби. Овде имате причина да бидете задоволни – некој што ви се допаѓа ви го посветува целосното внимание.
ДЕВИЦА
Навистина ви е незгодно што треба да работите повеќе во текот на овој ден отколку во текот на целата претходна недела. И токму кога помисливте дека ќе можете малку да се опуштите. Нема да можете да поминете толку време со саканата личност колку што сте планирале.
ВАГА
Се обидувате да ја неутрализирате нервозата посветувајќи се на она што сакате да го правите, хоби или контакт со пријателите, но не се чувствувате сосема добро. Не ја префрлајте својата нервоза во врска со емотивен партнер.
ШКОРПИЈА
Почнавте нешто што ве интересира и чувствувате позитивна напнатост. Можно е да е договор за работа, но и за емотивниот сегмент. Некои Шкорпии прават планови да видат некого. Во врските – зголемување на блискоста и емоциите.
СТРЕЛЕЦ
Денеска вашите реакции се неусогласени со ситуациите. Премногу бурно и драматично реагирате на нешто што не вреди да се спомене. Не ги расипувајте колегијалните односи со ваквото однесување. Во емотивниот сегмент ситуацијата е се подобра, особено во вечерните часови.
ЈАРЕЦ
Инсистирате некој да го исполни она што ви го ветил и нема да прифаќате изговори. Ако ветувањето го дал колега, имате целосно право да бидете незадоволни. Плановите на вас и вашиот емотивен партнер не се поклопуваат денес, договорете се некако.
ВОДОЛИЈА
Успевате да завршите една финансиска обврска и можете да се опуштите и да здивнете. Напнатоста што ја носите од претходните денови може да се одрази во контактот со некој што ви е важен во бизнисот. Обидете се да реагирате смирено на провокациите на вашиот емотивен партнер.
РИБА
Денеска можете да ја завршите работата приватно и веднаш да остварите финансиска добивка. Сè изгледа добро, а вашето расположение е такво што имате желба дел од парите веднаш да ги потрошите со пријателите или саканата личност. И време е да се опуштите и малку да се забавувате.