“Tоа што очите не го гледаат, срцето не го чувствува”

ОВЕН
Работа:
Прифатете конструктивни совети и размислете за промена на некој деловен концепт, немојте да се затворате за нови идеи кои ви доаѓаат од докажани извори.

Љубов: Доколку сте слободни, ве очекува интересно познанство преку социјалните мрежи или преку пријателите.

Здравје: Променливо расположение.

БИК
Работа:
Биковите имаат многу идеи и планови, но би било добро да ја одложат својата иницијација за подоцна. Поточно, не заглавувајте се во некоја работа за која немате доволно информации.

Љубов: Нема значителни промени во однос на претходниот ден. Нема да бидеш најдобро.

Здравје: Многу добро.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Во овој последен работен ден потрудете се да не се погубите на стотина страни, иако би сакале многу да направите, ќе биде сосема доволно да го завршите започнатото, а пред се поврзано со документацијата.

Љубов: Реално е да очекувате големи пресврти кога се во прашање нови познанства, бидејќи обичен флерт може да се претвори во нова убава љубовна приказна. Уживајте.

Здравје: Освен замор, нема значајни предупредувања.

РАК
Работа:
Нема причина да не бидете задоволни на крајот на оваа работна недела со сработеното.

Љубов: Бидете иницијатор за убаво и опуштено дружење, раздвижете се, се е на ваша страна.

Здравје: Можеби сепак страдате од респираторни проблеми и алергии.

ЛАВ
Работа:
Последниот работен ден од оваа недела носи напнатост и нервоза кај Лавовите поради неочекувани ситуации кои само ќе го забават сето она што сакате да го забрзате.

Љубов: Би било убаво што помалку напнатост и нервоза да префрлите во други сфери од животот, особено кога станува збор за љубовните врски.

Здравје: Променливо расположение.

ДЕВИЦА
Работа:
Покажете разбирање и трпение доколку во текот на овој ден некои работи не одат како што сте се договориле или планирале бидејќи можни се разни проблеми со документацијата.

Љубов: Можно е некоја донекаде интригантна личност да ви го привлече вниманието, обидете се да ја започнете приказната на вистински начин и очекувајте другата страна да ви возврати.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта, алергии.

ВАГА
Работа:
Не се расфрлајте на многу страни овој ден. Работете на вашите приоритети и почнете да ги спроведувате чекор по чекор.

Љубов: Денеска од деловно опкружување ви доаѓа интересно познанство или покана за дружење.

Здравје: Многу добро.

ШКОРПИЈА
Работа:
Овој петок би можеле да очекувате комуникација со поранешните колеги или деловни партнери, а не е исклучена и понудата за нова соработка.

Љубов: Доволно интересно запознавање со помлада личност и денес би можело да ви го преокупира вниманието во сферата на љубовните врски.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Без разлика на вложениот огромен труд и енергија, денешните деловни резултати на најтипичните Стрелец ќе бидат под личните очекувања. Сфатете го сето тоа како само лош изминат период.

Љубов: Во љубовната сфера резултатите би можеле да бидат многу задоволувачки, доколку не размислувате за минатото и не повикате поранешни љубови.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

ЈАРЕЦ
Работа:
Денеска ве очекува порелаксиран ден во однос на претходните, за да можете успешно да ја доведете до крај работната недела, иако со чувство на мала психичка исцрпеност.

Љубов: Потребна ви е релаксација и во љубовната сфера. Сè зависи од вашето расположение.

Здравје: Зголемена нервоза.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Би било многу мудро за Водолиите да ја спуштат топката на земја во текот на овој работен ден и да ги завршат започнатите обврски што е можно поефикасно.

Љубов: На прв поглед работите на полето на љубовта одат по патишта што вам ви одговарат. Сепак, не се опуштајте премногу, не се исклучуваат изненадувањата.

Здравје: Можна несоница.

РИБА
Работа:
Некои променети околности овој ден не би требало да се одразат негативно на Рибите, па со малку тактика и трпение успешно да го најдат најдоброто решение.

Љубов: Потребен ви е фокус во текот на овој петок на полето на љубовните врски, инаку конфликтните информации може да го искомплицираат инаку солиден ден. Бидете отворени да разговарате за било што.

Здравје: Чувство на замор, исцрпеност.

By Author