Во 21 век постојат милион начини за спречување на несакана бременост презервативи,орална контрацепција дијафрагма и слично но што ако и покрај сето ова дојде до незгода или едноставно не сте користеле би сакале да знаете дека секогаш постои решение особено денес.Станува збор за така наречена ургентна контрацепција или попозната како “Ден потоа”.
Tреба да се напомене дека пилулата “Утро потоа” е метод за итни случаи, а не редовна контрацепција и дека не е наменета за континуирана употреба туку треба да се избере правилен начин на контрацепција.
Лековите за итна контрацепција се издаваат без лекарски рецепт, затоа фармацевтите се здравствени работници кои мора да бидат подготвени да одговараат на прашањата на пациентите во секое време.
Како делува?
Се смета дека овој лек дејствува на следниов начин:
спречува јајниците да ослободуваат јајце клетки
спречува сперматозоидите да го оплодуваат јајцето
спречува оплодената јајце клетка да се прицврсти на ѕидот на матката
Затоа, оваа пилула спречува бременост пред да се појави. Важно е да се напомене дека оваа пилула не е ефикасна ако сте веќе бремени. Пред да го земете овој лек, фармацевтот ќе ве праша дали ви доцни менструацијата и ако постои сомневање дека веќе сте бремени, треба да направите тест за бременост.
Многу е можно пациентот да не се консултирал со лекар пред да го употреби лекот, туку да дојде директно во аптека. Покрај тоа, пациентите често ги земаат овие лекови без да размислуваат за можните последици, нивниот начин на дејствување и влијанието врз телото и секогаш постојат можни интеракции со некои други лекови или билни препарати. Затоа, фармацевтите, како најдостапни здравствени работници во единствена позиција да ја објаснат правилната употреба на лекови, треба да бидат подготвени да постават дополнителни прашања и да ги советуваат пациентите пред да ги издадат тие лекови.
Колку се ефективни?
Доколку таблетите се земаат според посочените упатства и во рок од 72 часа,ефективноста варира од околу 75 до 95 проценти ни никогаш нр можете да бидете 100 проценти сигурни дека таблетите од овој тип ќе ја спречат бременоста но се доста ефективни.
Несакани ефекти
Како и сите лекови, овој лек може да предизвика несакани ефекти, иако не се јавуваат кај сите. Може да се појави гадење, повраќање, зголемена осетливост на градите, болка во долниот дел на стомакот, главоболка, вртоглавица и замор. Проблемите обично се појавуваат во помал обем, и исчезнуваат за еден ден или два. Некои девојки може да имаат нарушување на менструалниот циклус, може да биде одложено или да имаат невообичаено крварење или крварење до следниот период. Ако менструацијата доцни повеќе од 5 дена, ако е невообичаено редок или невообичаено тежок, треба да посетите лекар што е можно поскоро.