Прогноза за 15.08.2023
Променливо облачно, со локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. UV=8
Утринските минимални температури ќе се движат од 11 °C до 20 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 24 °C до 34 °C.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.