Прогноза за 04.06.2023
Променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 8 °C до 16 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 18 °C до 27 °C
Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.